алармантно Archives - plusinfo.mk

ИНФЛАЦИЈАТА ВО НОЕМВРИ Е АЛАРМАНТНИ 19,5 ОТСТО Поевтинило само маслото
Трошоците на живот во ноември се зголемени за 19,5 проценти во споредба со истиот месец лани, а цените на мало за 15,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во однос на октомври, кај трошоците на живот се бележи зголемување од 0,5 проценти, а кај цените на мало за 0,2 проценти.

Пораст на трошоците на животот во споредба со октомври има кај жестоките пијалаци за 4 проценти, виното за 3,4 проценти, месото за 2,6 проценти, рибата и морските плодови за 2,2 проценти, млекото, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,9 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,8 проценти, сирењето и урдата, кафето, чајот, какаото за 0,8 проценти, јајцата за 0,7 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6 проценти, пивото за 0,3 проценти и лебот и житата за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано кај свежото и разладеното овошје за 8,9 проценти и кај маслото и маснотиите за 5 проценти.

Денеска со информација за минималната потрошувачка кошничка излезе и Сојузот на синдикати на Македонија. Според нивната пресметка, во ноември за минималните трошоци на едно четиричлено семејство биле потребни 51.714 денари од кои за храна минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци 12.983 денари што е повеќе од половина од синдикалната минимална кошничка.

The post ИНФЛАЦИЈАТА ВО НОЕМВРИ Е АЛАРМАНТНИ 19,5 ОТСТО Поевтинило само маслото appeared first on plusinfo.mk.

СЕ МЕНУВА ОД ЧАС ВО ЧАС ПОВТОРНО АЛАРМАНТНО Е КАЈ БУДИНАРЦИ И КАЈ МАЧЕВО Гори на уште десетина места
Пожарот во атарот на село Нов Истевник во маалото Пасјак е ставен под контрола, додека активни се огнените стихии кај селата Робово, Мачево, Будинарци, кај Богословец, огното во атарот на село Кадрифаково, потоа кај село Џидимирци, на потегот меѓу селата Дрен и Смолани, над село Пожаране, како и на сртот кон НП „Јасен“, соопшти Центарот за управување со кризи.

Пожарот во атарот на село Нов Истевник во маалото Пасјак, кој започна на 2 август, е ставен под контрола и е во дијаметар од 15 километри. До овој момент опожарена е површина од 1.100 хектари со борова шума и нискостеблести растенија на планината Средна, се вели во соопштението, со дообјаснување дека податоците се однесуваат на зафатената површина од пожарот на територијата на Општина Делчево.

– Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 4 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 60 припадници на Армијата, 25 вработени во Шумското стопанство „Голак“ од Делчево со четири теренски возила, ТППЕ „Делчево“ со 12 пожарникари и две противпожарни возила цистерни и едно теренско возило „Лада Нива“, пет припадници на Гранична полиција со четири теренски возило „Дефендери“, 10 припадници на ОВР – Делчево со три теренски возило, ЈПКД „Брегалница“ со пет вработени, два ровокопачи и едно теренско возило со еден тон вода и еден џип. Во гаснењето на пожарот се ангажирани и два хеликоптери на Армијата и РЦУК – Делчево со два вработени ТППЕ – Македонска Каменица со четири пожарникари со едно теренско возило, МВР од единица „Тигри“ со 24 вработени, МВР – ЕБР со 22 вработени и ТППЕ од Бугарија со шест пожарникари и едно противпожарно возило цистерна, се вели во соопштението.

Пожарот е сè уште активен, а екипите што се на терен и учествуваат во неговото гаснење се распоредени на повеќе критични места со цел огнената стихија да се стави под контрола Во овој момент најлошо е на место наречено Света вода помеѓу селата Тработивиште и Разловци.

– Волантери од Црвениот крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните во гаснењето на пожарот. Во гаснењето на пожарот учествуваат и жители од месното население – информира ЦУК.

Пожарот кој исто така започна на 2 август на местото наречено Бејаз Тепе е сè уште активен во селата Робово, Мачево, Будинарци. На терен се 100 припадници на Армијата, 20 Ренџери, има помош од Бугарија со три противпожарни возила и 25 пожарникари, екипа на ШС Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз и 30 вработени, екипа на ШС Малешево со 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз и 15 вработени, ТППЕ Берово со 3 ПП возила и 7 пожарникари, 1 ПП возило од Скопје, 1 ПП возило од Штип, 1 ПП возило од Струмица, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени, РЦУК Берово 2 вработен, 80 луѓе од месното население. На терен е и екипата од Словенија, како и екипа од Австрија.

– Зафатена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на висок пожар во село Будинрци. Дејствуваат три хеликоптери на Арамијата на потегот Робово, Будинарци. Алармантна е ситуацијата околу селата Будинарци и Мачево – се додава во соопштението.

Состојбата во атерот на селата Црник, Умлена и Чифлик од вчера од попладневните часови е стабилна и на сите места има распоредено екипи за контролирање на опожарените површини.

– Пожарот околу селото Црник е ставен под контрола, на терен е месното население заради контрола околу селото. Во моментот пожарот е и над село Мачево и таму има екипи распоредени. Околу село Робово се прави појас за да сè се прекине пожарот, се додава во соопштението.

Пожарот што започна вчера во Богословец сè уште не е изгаснат и е активен во атарот на село Кадрифаково.

– Во гасењето на пожарот учествуваат 11 припадници на ТППЕ Свети Николе со 3 ПП возила, ДПД Свети Николе со 6 луѓе и 2 ПП возило, ШС Свети Николе – 15 луѓе, ЈКП Комуналец – 20 луѓе. Со пожарот е зафатена површина од околу 150 хектари со нискостеблеста дабова шума и смрека, борова шума и сува трева, а изгорени се и 4 куќи во селото Богословец и 1 трактор – наведува ЦУК.

Пожар избувна и во село Џидимирци, за што се известени Шумско стопанство „Бабуна“ и истите ќе пратат екипи на терен. – Подетални информации ќе има по пристигнувањето на екипата на самото место, информира Центарот.

Во струмичкиот регион, пожарот што избувна на 1 август во месноста Погана и зафати површина од околу 1350 хектари сè уште е активен, посебно во делот непосредно пред ветерниците кај Богданци.

– На терен се ангажирани следните сили две противпожарни возила од ТППЕ Валандово со 7 пожарникари, 14 од ШС Саланџак-Валандово, 11 припадници на АРСМ, ДЗС Валандово 7, ЕВН со 7 вработени 1 цистерна за вода и 1 теренско возило. На теренот присутните сили заедно со силите од Гевгелија направија појас на најкритичниот дел со должина од 300 метри и ширина од околу 5-6 метри и на овој дел се чека пожарот за активно да се дејствува за да не префрли кон Богданци – се додава во соопштението.

Пожарот кај Дамјан е активен, но нема опасност засега кон селото. Од ветерот се движи кон селата Дедино и Ињево. На координативно тело е договорено во да се излезе и да се види какви мерки да се преземаат.

– Во моментот таму се наоѓаат екипи на ТППЕ-Радовиш, со 3 пп возила, и 12 пожарникари, екипа од ТППЕ-Струмица со 1 пп Возило и 5 пожарникари како и екипа од ПШС-Плачковица-Радовиш со 15 луѓе локално население во гасење напожарот ќе се вклучат со човечки ресурси и цистерни од БОРОВ ДОЛ – Бучим – известува ЦУК.

Во Општина Прилеп, пожарот што избувна на 2 август во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица е активен со јак интензитет. Од Ракле се евакуирани две неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп. Интервенцијата ја спроведе екипа од МВР ПС Прилеп со возило на ПС Прилеп. Во Ракле се останати сè уште пет лица. ТППЕ Прилеп има ангажирано 2 противпожарни возила и 9 пожарникари.

Пожар на потегот меѓу селата Дрен и Смолани во општина Прилеп во кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на месноста Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума.

На барање на градоначалникот на Прилеп, упатено до ДЗС Прилеп, за помош на лица за гасење на пожарите, договорено е денеска на терен да излезе екипа од 12 лица со алат за гасење на пожарите од ДЗС Битола и ДЗС Прилеп.

– Градоначалникот на Прилеп има доставено барање за воздушна поддршка од хеликоптери и 20 војници од редовите на Армијата за помош во гасење на пожарот на потегот меѓу селата Дрен и Смолани се додава во соопштението.

Пожарот над село Пожаране во Гостиварско повторно се активирал. Екипите на Македонски Шуми повторно се на самото место со едно возило и 4 вработени. Состојбата се следи.

Пожарот кај селата Раовиќ, Буковиќ и Ласкарци во Општина Сарај е под контрола, при што гори само високото на сртот кон НП Јасен, каде веќе има екипи од НП Јасен кои доколку има потреба ќе интервенираат. Нема опасност по село Раовиќ и по останатите населени места, додаваат од ЦУК.

The post СЕ МЕНУВА ОД ЧАС ВО ЧАС ПОВТОРНО АЛАРМАНТНО Е КАЈ БУДИНАРЦИ И КАЈ МАЧЕВО Гори на уште десетина места appeared first on plusinfo.mk.

Состојбата е алармантна, во Скопје 18 пожари, секој час се отвораат нови жаришта низ земјава
Во Скопје моментно се активни 18 пожари од кои три се најкритични, во Кучково кон Горно Свиларе, меѓу Добри Дол и Ракотинци во Сопиште, како и во Горно Блаце.

Како што соопштија денеска на прес-конференција директорот на ЦУК Стојанче Ангелов и неговите соработници, за само неполн час се пријавени нови седум пожари. Причина за ваквата алармантна ситуација се високите температури и силниот ветер кој го отежнува гаснењето.

На терен моментно се околу 300 војници од Армијата, а максимално се ангажирани и сите материјални ресурси.

Според Горан Стојановски од ЦУК, за 20 до 30 минути, со едно јавување, се обезбедува помош по барање на Противпожарна единица или општина. Но, се дејствува по приоритети при што клучни се човечките животи и објектите, а нивите и нискостеблестите шуми се во втор план.

– Отсега определуваме приоритети. Очекуваме дополнително засилување на ветерот и отежнувачки околности во справувањето со пожарите, но не губиме надеж, остануваме на терен со сите расположливи сили. Можеме дополнително да обезбедиме уште 500 војници. Материјалните ресурси се максимално ангажирани – истакна Стојановски.

Најновите податоци велат дека и натаму најризични се Делчевско – Пехчевскиот регион, Кумановско и Прилепско каде има 18 пожари.

Ангелов апелираше граѓаните да се евакуираат ако случајно се најдат на место на пожар.

– Состојбата се менува од минута во минута, а сувата вегетација, високите температури и ветерот придонесоа за брзо ширење на постоечките пожари и појава на нови жаришта – рече директорот на ЦУК.

Од утре секој ден во 10 часот ЦУК ќе информира за состојбата со пожарите, а по потреба ќе се свикуваат и прес-конференции за навремено и точно информирање.

The post Состојбата е алармантна, во Скопје 18 пожари, секој час се отвораат нови жаришта низ земјава appeared first on plusinfo.mk.

Алармантен извештај за климатските промени: Влијанијата ќе не погодат порано од стравувањата
Климатските промени фундаментално ќе го преобликуваат животот на Земјата во следните децении, дури и ако луѓето можат да ги скротат емисиите на штетни гасови што затоплуваат, се вели во историскиот нацрт-извештај на советниците за климатски науки на ОН, во кој имаше увид АФП.

Исчезнување на видовите, широко распространета болест, жештини поради кои нема да може да се живее, колапс на екосистемот, градови под закана од зголемувањето на морињата – овие и други поразителни влијанија на климата се забрзуваат и ќе станат болно очигледни пред детето родено денес да наполни 30 години.

Изборите што ќе ги направат општествата сега ќе утврдат дали нашиот вид успева или едноставно преживува додека се одвива 21 век, вели Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) во нацрт-извештајот, во кој ексклузивно има увид АФП.

Но, опасните прагови се поблиски отколку што се мислеше, и неизбежни се страшните последици што произлегуваат од децениското неограничено загадување.

„Најлошото допрва доаѓа, што влијае на животот на нашите деца и внуци многу повеќе отколку на нашите“, се вели во извештајот.

Убедливо најсеопфатниот извештај досега составен за тоа како климатските промени го надминуваат нашиот свет, извештајот гласи како обвинение од 4.000 страници за управувањето на човештвото со планетата.

Но, документот, дизајниран да влијае на критичните одлуки за политиките, нема да е објавен до февруари 2022 година – премногу доцна за самити на ОН оваа година за климата, биодиверзитетот и системите за храна, велат некои научници.

Нацрт-извештајот доаѓа во време на глобално „еко-будење“ и служи како проверка на реалноста против мноштво лошо дефинирани нето-нула ветувања од владите и корпорациите ширум светот. Предизвиците што ги истакнува се системски, вткаени во самата структура на секојдневниот живот.

Тие се исто така длабоко нефер: оние што се најмалку одговорни за глобалното затоплување ќе страдаат непропорционално, појаснува извештајот. И тоа покажува дека дури и додека исфрламе рекордни количини на стакленички гасови во атмосферата, ние го поткопуваме капацитетот на шумите и океаните да ги апсорбираат, претворајќи ги нашите најголеми природни сојузници во борбата против затоплувањето во непријатели.

Предупредува дека претходните големи климатски шокови драматично ја изменија животната средина и ги збришаа повеќето видови, покренувајќи го прашањето дали човештвото сее семе на својата смрт.

„Животот на Земјата може да се опорави од драстичното поместување на климата со развој на нови видови и создавање нови екосистеми“, се вели во него.

Во нацрт-извештајот има најмалку четири главни одземања, кои поминаа низ голема ревизија и веројатно нема да се променат пред неговото објавување.

Првиот е дека со досега 1,1 степени целзиусови на затоплување, климата веќе се менува.

Пред една деценија, научниците веруваа дека ограничувањето на глобалното затоплување на два степени Целзиусови над нивото на средината на 19 век е доволно за да се заштити нашата иднина.

Таа цел е содржана во Парискиот договор од 2015 година, усвоен од скоро 200 нации кои ветија дека колективно ќе затоплат на „далеку под“ два Целзиусови степени – и 1,5 степени ако е можно. Според моменталните трендови, во најдобар случај се движиме кон три степени Целзиусови. Претходните модели предвидуваа дека најверојатно нема да ги видиме климатските промени што ја менуваат Земјата пред 2100 година.

Но, во нацрт-извештајот на ОН се вели дека продолженото затоплување дури и над 1,5 Целзиусови степени може да произведе „прогресивно сериозни, вековни и, во некои случаи, неповратни последици“.

Минатиот месец Светската метеоролошка организација предвиде 40 проценти шанса Земјата да го премине прагот од 1,5 степен најмалку една година до 2026 година.

За некои растенија и животни може да биде доцна.

„Дури и на 1,5 Целзиусови степени на затоплување, условите ќе се променат над способноста на многу организми да се прилагодат“, се забележува во извештајот.

Коралните гребени – екосистеми од кои зависат половина милијарда луѓе – се еден пример.

Домородните популации на Арктикот се соочуваат со културно истребување бидејќи околината врз која се изградени нивните средства за живот и историја се топи под нивните снежни чевли.

Светот затоплен исто така ја зголеми должината на сезоните на пожар, двојно ги зголеми потенцијалните области што може да се изгорат и придонесе за загуби на системите за храна.

Светот мора да се соочи со оваа реалност и да се подготви за нападот – второ големо предупредување во извештајот.

„Сегашните нивоа на адаптација ќе бидат несоодветни за да одговорат на идните климатски ризици“.

Проекциите на средината на векот – дури и под оптимистичко сценарио на загревање од два степени Целзиусови.

Десетици милиони повеќе луѓе, најверојатно, ќе се соочат со хроничен глад до 2050 година, а 130 милиони повеќе би можеле да доживеат екстремна сиромаштија во рок од една деценија, ако се дозволи продлабочување на нееднаквоста.

Во 2050 година, крајбрежните градови на „фронтот“ на климатската криза ќе видат стотици милиони луѓе изложени на ризик од поплави и се почести бранови на невреме, повеќе смртоносни со зголемувањето на морињата.

Околу 350 милиони повеќе луѓе кои живеат во урбани средини ќе бидат изложени на недостиг на вода од тешки суши со 1,5 степен Целзиусови затоплување – 410 милиони со два Целзиусови степена. Тој дополнителен половина степен ќе значи и 420 милиони повеќе луѓе изложени на екстремни и потенцијално смртоносни горештини.

„Трошоците за адаптација за Африка се предвидува да се зголемат за десетици милијарди долари годишно со затоплување поголемо од два степени“, предупредува извештајот.

Трето, во извештајот е истакната опасноста од соединенија и каскадни влијанија, заедно со прагови на точка без враќање во климатскиот систем познати како врвови, кои научниците едвај почнаа да ги мерат и разбираат.

Неодамнешните истражувања покажаа дека затоплувањето на два степени Целзиусови може да предизвика топење на ледените плочи на врвот на Гренланд и на Западен Антарктик – со доволно замрзната вода за да се подигнат океаните 13 метри – покрај точката без враќање.

Во поблиска иднина, некои региони – источен Бразил, југоисточна Азија, Медитеранот, централна Кина – и крајбрежјето скоро насекаде може да бидат погодени од повеќе климатски непогоди одеднаш: суша, топлотни бранови, циклони, пожари, поплави.

Но, влијанијата на глобалното затоплување се засилени и со сите други начини на кои човештвото ја расипа рамнотежата на Земјата.

Овие вклучуваат „загуби на живеалишта и еластичност, прекумерна експлоатација, екстракција на вода, загадување …“, се вели во извештајот.

Нема лесно решение за ваквата мешавина на проблеми, рече Николас Стерн, поранешен главен економист во Светска банка и автор на историската ревија на Стерн за економијата на климатските промени.

„Светот се соочува со комплексен сет на испреплетени предизвици“, рече Стерн, кој не даде придонес во извештајот на IPCC. „Освен ако не ги решите заедно, нема да успеете многу добро на ниту еден од нив.

Има многу малку добри вести во извештајот, но IPCCгласува дека може да се стори многу за да се избегнат сценарија во најлош случај и да се подготват за влијанија што повеќе не можат да се избегнат.

Преминувањето кон повеќе диети растителни, исто така, може да ги намали емисиите поврзани со храна, дури 70 проценти до 2050 година.

„Потребна ни е трансформациски промена што работи на процеси и однесување на сите нивоа: индивидуа, заедници, деловни активности, институции и влади“, се вели во него.

„Ние мора да ги редефинираме нашиот начин на живот и потрошувачка“.

The post Алармантен извештај за климатските промени: Влијанијата ќе не погодат порано од стравувањата appeared first on plusinfo.mk.