најсат алпинист Archives - plusinfo.mk https://plusinfo.mk/tag/најсат-алпинист/ Sun, 15 Nov 2026 14:48:10 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.4 САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги искачи сите врвови повисоки од 8.000 метри https://plusinfo.mk/%d1%81%d0%b0%d1%88%d0%ba%d0%be-%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%b5%d0%b2-%d0%b2%d0%bb%d0%b5%d0%b7%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d0%b3%d0%b8%d0%bd%d0%b8%d1%81%d0%be%d0%b2%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%be%d1%80/ Sun, 15 Nov 2026 14:44:48 +0000 https://plusinfo.mk/?p=904577

Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови повисоки од 8.000 метри надморска височина.

The post САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги искачи сите врвови повисоки од 8.000 метри appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Македонскиот кардиолог, професор и алпинист Сашко Кедев е најстариот алпинист во светот кој се искачил на сите 14 планини повисоки од 8.000 метри.

Со искачување на врвот Гашербрум I Кедев го заокружи овој предизвик на 20 јули 2025 година, на возраст од 63 години и 14 дена, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата личност во светот што се искачила на сите планински врвови повисоки од 8.000 метри надморска височина.

Д-р Кедев, кој е роден на 6 јули 1962 година, исто така, е најстарата личност која ги искачила сите планини повисоки од 8.000 метри, како и „Седумте врвови“ (највисоките точки на секој од континентите).

Овој подвиг го остварил во периодот помеѓу 14 јануари 2008 година (Аконкагва во Јужна Америка) и 6 ноември 2011 година (Пункак Џаја, познат и како Пирамида Карстенц, во Океанија).

Планини над 8.000 метри, коишто ги има освоено Кедев се: Еверест (19 мај 2009), Манаслу (27 септември 2021), Дхаулагири I (9 април 2022), К2 (22 јули 2022), Брод Пик (29 јули 2022), Анапурна I (15 април 2023), Нанга Парбат (2 јули 2023), Чо Оју (2 октомври 2023), Макалу (5 мај 2024), Лхоце (13 мај 2024), Гашербрум II (22 јули 2024), Шиша Пангма (4 октомври 2024), Канченџунга (23 мај 2025), Гашербрум I (20 јули 2025).

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во ноември минатата година го одликува Кедев со Орден „8 Септември“, за особените заслуги во медицината, како и за историскиот подвиг во алпинизмот како прв Македонец којшто ги искачил 14-те светски планински врвови над 8 000 метри надморска височина.

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци.

– Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача Кедев. 

The post САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги искачи сите врвови повисоки од 8.000 метри appeared first on plusinfo.mk.

]]>