ГБ њуз Archives - plusinfo.mk https://plusinfo.mk/tag/гб-њуз/ Mon, 16 Nov 2026 07:36:39 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.4 📽️ ВО 60. ГОДИНА ЧЕКА ТРЕТО ДЕТЕ Британската лекарка и водителка ја соопшти бременоста во ТВ-емисија во живо https://plusinfo.mk/%f0%9f%93%bd%ef%b8%8f-%d0%b2%d0%be-60-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b0-%d1%87%d0%b5%d0%ba%d0%b0-%d1%82%d1%80%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%b4%d0%b5%d1%82%d0%b5-%d0%b1%d1%80%d0%b8%d1%82%d0%b0%d0%bd%d1%81/ Mon, 16 Nov 2026 07:33:38 +0000 https://plusinfo.mk/?p=904647

По првото дете, кое го родила на 21 година, и ќерката што ја добила на 51 година, британската лекарка сега очекува уште едно девојче. До бременоста дошла со замрзнати јајце-клетки и по три обиди за ин-витро оплодување во Полска.

The post 📽️ ВО 60. ГОДИНА ЧЕКА ТРЕТО ДЕТЕ Британската лекарка и водителка ја соопшти бременоста во ТВ-емисија во живо appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Британската лекарка и телевизиска водителка Рене Хендеркамп (Renee Hoenderkamp) објави дека во својата 60-та година го очекува своето трето дете. Радосната вест ја соопшти во телевизиска емисија во живо, оставајќи ги колегите во студиото целосно изненадени. По три обиди за медицински потпомогнато оплодување, таа очекува девојче.

Хендеркамп, која работи како водителка на британската телевизија „GB News“, откри дека е во 12. недела од бременоста. За нејзината состојба не знаеле ниту колегите, ниту пошироката јавност.

– Имам една вест што денес сакам да ја споделам со колегите, а за која тие, како и сите други, сè уште не знаат. Наскоро ќе станам мајка на три деца, бидејќи моментално сум во 12. недела од бременоста – изјави таа.

Нејзиното признание предизвика неверување во студиото. Еден од колегите призна дека тоа било едно од најголемите изненадувања што ги доживеал пред камерите. Подоцна ѝ приредиле и посебно изненадување – торта со розова и сина глазура, со која ѝ откриле дека очекува девојче.

Лекарката објасни дека бременоста ја постигнала со помош на претходно замрзнати јајце-клетки и медицински потпомогнато оплодување. Бидејќи клиниките во Велика Британија ја одбиле поради нејзината возраст, помош побарала во Полска, каде што по три обиди конечно успеала да забремени.

– Нема да се преправам дека ова беше лесен пат, затоа што не беше. Беа потребни три обиди. Седев во оваа емисија знаејќи дека постапката низ која штотуку поминав не успеа – призна таа.

Хендеркамп зад себе има две сосема различни искуства со мајчинството. Првиот син Калум го родила на 21 година. Тој денес има 37 години и веќе е татко. Речиси три децении подоцна, на 51 година, ја родила ќерката Алис.

Интересно е што Алис се родила само два месеци пред нејзината внука Изабела, па ќерката и внуката на Хендеркамп се речиси врснички. Таа претходно открила дека двете девојчиња се многу поврзани.

Иако се радува на доаѓањето на третото дете, водителката признава дека бременоста во подоцнежните години ѝ донела и бројни критики. Некои ја обвинувале дека е себична, бидејќи детето ќе расте со значително постара мајка.

– Ми велеа дека сум себична. Ме прашуваа: Што ако умреш за пет години? Па, како што знаете, многу се грижам за својата физичка кондиција и се надевам дека тоа нема да се случи, но, секако, можно е – вели таа.

Сепак, смета дека возраста не треба да биде пресудна причина една жена да се откаже од мајчинството.

– Алис има прекрасен живот. Таа го обожава својот живот и се надевам дека така ќе биде и со ова дете. Што би било подобро? Никогаш да не добијат можност да живеат? – праша Хендеркамп.

За мајчинството во подоцнежните години говорела и во 2023 година, кога во текст за „Дејли мејл“ напишала дека, според сопственото искуство, ѝ било полесно да добие дете на 51 отколку на 21 година.

Како лекарка, таа е свесна и за зголемените здравствени ризици што може да ги носи бременоста во подоцнежна возраст, но смета дека напредокот на медицината и современите методи за следење на бременоста ѝ даваат дополнителна сигурност.

The post 📽️ ВО 60. ГОДИНА ЧЕКА ТРЕТО ДЕТЕ Британската лекарка и водителка ја соопшти бременоста во ТВ-емисија во живо appeared first on plusinfo.mk.

]]>