албански конзулат Archives - plusinfo.mk https://plusinfo.mk/tag/албански-конзулат/ Tue, 24 Nov 2026 07:36:34 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=7.1.5 НЕМАШЕ МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ НА СРЕДБАТА НА ФИЛИПЧЕ И РАМА „За знамињата прашајте во конзулатот“ https://plusinfo.mk/nemase-makedonsko-zname-na-sredbata-na-filipce-i-rama/ Tue, 24 Nov 2026 07:26:49 +0000 https://plusinfo.mk/?p=906645

На фотографијата што ја објави албанскиот премиер Еди Рама се гледаат само знамињата на Албанија и на НАТО. Членот на раководството на СДСМ, Агрон Демири, ја споделил фотографијата, но подоцна ја избришал.

The post НЕМАШЕ МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ НА СРЕДБАТА НА ФИЛИПЧЕ И РАМА „За знамињата прашајте во конзулатот“ appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама објави фотографија од средбата со лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, во албанскиот конзулат во Битола. На фотографијата се гледаат знамињата на Албанија и на НАТО, но не и македонското државно знаме.

Рама на својот фејсбук-профил објави серија фотографии од посетата на Битола по повод Денот на албанската азбука, меѓу кои и фотографија од разговорот со Филипче.

Фотографијата ја споделил и членот на Извршниот одбор на СДСМ, Агрон Демири, кој кратко потоа ја избришал објавата.

На прашањето зошто на фотографијата го нема македонското знаме и за што разговарале двајцата политичари, од Центарот за комуникации на СДСМ за „Фокус“ одговориле:

„Станува збор за неофицијална средба на нивно барање во просториите на конзулатот на Република Албанија во Битола. За знамињата прашајте во конзулатот“.

Ниту Филипче ниту СДСМ не ја објавиле средбата на своите официјални профили на социјалните мрежи.

The post НЕМАШЕ МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ НА СРЕДБАТА НА ФИЛИПЧЕ И РАМА „За знамињата прашајте во конзулатот“ appeared first on plusinfo.mk.

]]>