СТАСАА ДИРЕКТИВИТЕ ОД ДУБАИ Ќе ги потврди ли Централниот одбор на СДСМ плановите Венко Филипче да биде октроиран во лидер со фул мандат?

Мандатот на Филипче истекува во март 2025 година, кога би требало да бидат одржани нови избори за лидер на СДСМ. Најважната директива од Дубаи е со статутарни измени тие мартовски избори да се избегнат, а Филипче уште сега да добие четиригодишен мандат. Така и Заев ќе го задржи своето влијание во СДСМ.