Србија прва ја напушти Југославија, а ние патевме од комплекс на помала вредност и од вазалски сентимент кон Белград

Традиционално, најголемиот број македонски политичари, од формирањето на АСНОМ-ска Македонија до осамостојувањето, не се одважуваше да зборува за погрешните политики на кое било српско раководство –  важни за Југославија и за сите во неа. Дури и во последните години пред распадот, тие што се одважуваа можеше да се избројат на прстите од едната рака. И повеќето од нив кога не беа на некоја државна, или друга важна функција.