СРБИЈА БАРА ЧАРЕ, ВУЧИЌ ВОНРЕДНО СЕ ОБРАТИ Нема лиценца, гориво има само до февруари

Имаме доволно гориво до крајот на јануари. Ќе заседаваме секојдневно и јавноста ќе добива информации на секои два дена. До 15 јануари ќе го завршиме процесот, рече српскиот претседател најавувајќи дека рафинеријата НИС во Панчево од денеска нема да работи бидејќи САД не ја продолжиле лиценцата.

32

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека САД не дале лиценца за продолжување на снабдувањето со нафта за рафинеријата на Нафтна индустрија на Србија (НИС) во Панчево. Тој изјави дека „нема добри вести“ и дека Србија сега отвора нови канали за увоз на гориво, но дека најголем проблем останува логистиката.

– Имаме доволно гориво до крајот на јануари. Ќе заседаваме секојдневно и јавноста ќе добива информации на секои два дена. До 15 јануари ќе го завршиме процесот – рече Вучиќ, објаснувајќи дека државата обезбедила средства и за алтернативен договор за гас доколку до петок не се постигне спогодба со досегашните партнери.






Вучиќ додаде дека одлуката на Вашингтон е „недвосмислена“ и дека Русите, како сопственици на НИС, имаат право да не продаваат, но Србија поради тоа се соочува со сериозни тешкотии. Тој потсети дека хрватската компанија ЈАНАФ не дозволила увоз на нафта наменета за државните резерви, иако Србија нудела мониторинг за транспарентност.

– Министерката за енергетика ќе го извести НИС дека нема сигнали за добивање лиценца, што ќе значи престанок на работењето на рафинеријата – изјави Вучиќ додавајќи дека рафинеријата дневно губи по околу 370.000 евра.

Тој додаде дека државата дала дозвола за нејзино затворање и дека компанијата има време да ги исплати платите и обврските кон добавувачите.

Во врска со т.н. секундарни санкции, претседателот на Србија предупреди дека секоја деловна банка може да биде казнета ако продолжи да соработува со НИС, што би било „катастрофа за инвестицискиот рејтинг и финансискиот систем“.

– Ова не е прашање само за една компанија, туку за цела Србија. Кога НИС ќе ги потроши своите резерви, државата нема да може да му даде гориво од обврзните резерви, ниту нему ниту на Лукоил – рече Вучиќ.

Тој увери дека снабдувањето со керозин и со авио-гориво ќе биде стабилно, а Србија ќе има доволно енергенси до крајот на јануари. Во меѓувреме, државата преговара со партнери од Арапските земји, Унгарија, Велика Британија и САД за нови договори.

– Србија денес има речиси 4 милијарди евра на сметка и пензионерите немаат причина за грижа – вели Вучиќ.

Поврзани содржини