СПЦ НУДИ РАКА, МПЦ ГРИЗЕ ПРСТ Нема што да преговараме, Цариград е нашата мајка-црква!

Ако сакаат да го решиме прашањето, тогаш тоа може да го сториме само доколку прифатат заеднички богослужби. Тоа можеме ние да го понудиме и сметам дека нашиот Синод нема да одбие заедничко сослужување со владиците и со свештениците од СПЦ и со било која друга помесна православна црква, но не и со ПОА, изјави за Плусинфо митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар.