СОПСТВЕНИЦИТЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ НЕМА ДА РЕШАВААТ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА Шолц индиректно го критикуваше Илон Маск

Портпаролката на канцеларот Олаф Шолц, Кристијана Хофман, го обвини милијардерот Илон Маск дека се обидува да се меша во изборниот процес во Германија откако американскиот претприемач постојано и отворено ја поддржуваше АфД, партија која германските власти ја означуваат како екстремистичка.