СОФИЈА И АМЕРИКАНСКИТЕ БУГАРИ ГО САБОТИРААТ МЕСЕЦОТ НА АМЕРИКАНСКО-МАКЕДОНСКОТО ПРИЈАТЕЛСТВО! Њама Македонци, њама македонски јазик, резолуцијата да се повлече, бараат Бугарите во САД!

Неодамна и министерката за надворешни работи на Бугарија Марија Габриел најави дипломатска офанзива против предлог-резолуцијата на американскиот сенатор Мајк Браун за прогласување на септември за „Месец на македонско-американското наследство“. Писмото на Бугарите во САД е објавено интегрално во бугарски „Труд“ на 31 август годинава. Со него, меѓудругото, остро се напаѓа и идејата за Отворен Балкан.