СО ГЛАГОЛИЦАТА, СВЕТИTE КИРИЛ И МЕТОДИЈ ГО ОТВОРИЈА ПАТОТ КОН ПИСМЕНОСТА НА МАЈЧИН ЈАЗИК Претседателката Давкова го честиташе денот на сесловенските просветители

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова истакна дека вредностите што ги претставуваат Кирил и Методиј – како што се мудроста, вербата, знаењето и единството – треба да бидат водилка во создавањето на општество кое се темели на образование, меѓусебна почит и достоинство.