СО 65 „ЗА“ ДОНЕСЕНА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ОСУДА НА МАНИПУЛАЦИИТЕ ЗА МИГРАНТСКИ КАМПОВИ Крај на шпекулациите на СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Со оваа Резолуција, како што посочи координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се става крај на сите шпекулации и намерно пласирани невистини кои ги слушаме за мигрантски кампови или трајно сместување мигранти во Македонија.