СНАОЃАЈТЕ СЕ ЗА ПРЕВОЗ, УТРЕ НЕМА ДА ИМА АВТОБУСИ Вработените во ЈСП најавија штрајк

Ние утре ќе излеземе на штрајк кој ќе започне пред управната зграда и ќе трае до 12.30 часот, а дел од него ќе бидат возачите во сите смени, а тоа е бројка од околу 200 луѓе. Доколку никој не се удостои да нѐ прими и да разговара со нас, по 12.30 часот сите си заминуваме дома и во Скопје пак ќе нема автобуси.