СМЕШНО Е ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА ГО ФОРМИРАВ ХАМАС Нетанјаху објаснува зошто милиони долари од Катар за Газа завршиле кај милитантната група

Сакавме да избегнеме цивилен хуманитарен колапс – болести, неконтролиран глад и други работи што би создале невозможна хуманитарна ситуација. Затоа последователните израелски влади дозволија овие пари да влезат, а не за да го зајакнат Хамас, рече Нетанјаху за наводите дека дозволил милиони долари од Катар да влезат во Газа пред војната.