„СЛАВЈАНКА ИЗГУБИ КОНТРОЛА ВРЗ СЕБЕ“ Петровска го обвини Мицкоски дека одобрува мафијашки пресметки, од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност за клеветите

„Бараме вештачење на деловната способност на Славјанка или во спротивно ќе треба да сноси одговорност за клеветите. Обвинувањето за убиства е сериозно обвинение и не може да се толкува дека тоа може да го тврди здрава личност, освен ако не изнесе докази за тоа. Ако лицето кое го посочува е познат лик од скопското подземје и министерката Славјанка го знаела тоа зошто не го уапсиле додека биле на власт?“ – праша ВМРО-ДПМНЕ.