СКОПЈАНИ ОСТАВЕНИ НА ЖЕШКИОТ АСФАЛТ БЕЗ ПРЕВОЗ 20 автобуси на ЈСП повлечени поради дефект

ЈСП работи според возниот ред од 2012 година, кога во оптек биле 350 автобуси, а сега претпријатието располага со вкупно 200. Од нив на 27 автобуси им била расипана климатизацијата, а до денес таа е поправена кај 12, а 15 возат без клима во најжешките денови.