СИТЕ ОСУДЕНИ ДО 6 МЕСЕЦИ ЌЕ ИЗЛЕЗАТ ОД ЗАТВОРИТЕ Што друго содржи Законот за амнестија што го објави Министерството за правда?

Со законот се предлага лицата на кои им е изречена казна затвор до 6 месеци потполно да се ослободат од издржување на казната. Осудените лица на кои им е изречена казна затвор над шест месеци, да се ослободат од издржување на 30% од целокупната казна изречена со правосилната пресуда.