СИНОТ НА БАЈДЕН ДОБИЛ 5 МИЛИОНИ ОД КИНЕСКА НАФТЕНА КОМПАНИЈА Се стега обрачот околу истрагата за Хантер

Списите покажале дека, почнувајќи од август 2017 година, Хантер Бајден и неговиот вујко добиле 4,8 милиони долари од компанијата „CEFC China Energy“, нафтен и гасен гигант. Според Вашингтон Пост, договорот бил подготвуван со години наназад, а му претходеле летови до Кина, организирање вечери и воспоставување контакти. Потоа, на 2 август 2017 година ставени биле потписите на Хантер Бајден и Гонгвен Донг, извршниот директор на компанијата.