СИНЏИР ОД ЗАМИЖУВАЊА ЈА ОВОЗМОЖИ ТРАГЕДИЈАТА ВО „ПУЛС“, РЕЧЕ ОБВИНИТЕЛОТ „Ќе слушнете на што сè бил спремен газдата Јовановски само заради профит“

Клубот Пулс отсекогаш бил безбедносна смртоносна стапица, буре барут, затоа искрите без никаква пречка имаа каде да потфатат и да зацрнат и уништат толку човекови судбини. Никулците на оваа невидена катастрофа биле одамна изникнати. Доказите ќе покажат дека опасноста која демнела со години никој од овие обвинети не сакал да ја согледа и види. Меѓутоа, тие требале, морале и биле должни да ја видат и спречат, рече обвинителот Борче Јанев.