СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРАЌА УШТЕ 200 ВОЈНИЦИ ВО БОРБАТА СО ПОЖАРИТЕ Досега во справувањето со пожарите беа ангажирани 100 војници

Во досегашниот период Армијата дејствува со 100 припадници и два армиски хеликоптера МИ-8/17, кои се ангажираат на локации по насоки на Центарот за управување со кризи и со исфрлени повеќе од 150 тони вода и активен ангажман на терен го даваат својот придонес во локализирање на пожарите.