ШЕСТ БАЛТИЧКИ ДРЖАВИ ТРГНАА ВО ОФАНЗИВА ПРОТИВ РУСКИТЕ ЕНЕРГЕНТИ ВО ЕУ Бараат целосна забрана за увоз на гасот и пониска максимална цена за нафтата

Данска, Естонија, Летонија, Литванија, Финска и Шведска во писмо упатено до Европската Комисија предлагаат дополнително да се намали максималната дозволена цена од 60 долари за барел за увоз на руска нафта, како и целосно да се забрани увозот на обичен гас и течен природен гас (ЛНГ) од Русија, за дополнително да се ограничат приходите на Москва за финансирање на војната во Украина.