СЕКОИ 5 МИНУТИ УМИРА ОД ГИНЕКОЛОШКИ КАРЦИНОМ ПО ЕДНА ЖЕНА ВО СВЕТОТ Неопходно е подигнување на свеста за важноста на репродуктивното и сексуалното здравје

Во делот на статистиката би кажал дека регистрацијата на карциноми во Македонија е на незадоволително ниво и не може со сигурност да кажеме ниту околу бројката ниту околу типот на карциноми кои постојат. Одамна се зборува за формирање национален систем на карциноми, меѓутоа очигледно е потребна систематска активност со цел да се реши проблемот, вели професорот д-р Глигор Тофоски од Медицинскиот факултет во Скопје.