СЕДУМГОДИШЕН СУДСКИ МАРАТОН ЗА СКАПОЦЕНИ АРТЕФАКТИ ИЛИ ЗА СУВЕНИРИ И БЕЗВРЕДНИ ДРЕБУЛИИ? Во наводната „злосторничка група“ саде болни старци и политички ветерани

Обвинителството тврди дека ова е случај на трговија со археолошки богатства, но одбраната посочува дека станува збор за пазарски сувенири. На вчерашното рочиште во судницата се расплеткуваа животни анегдоти за набавки на монети пред 20 или 30 години. Наместо цврсти докази за криминал, на рочиштето се расправаше за бакарни ѓумчиња, за пазарењи во Солун и за дијагнози кои забрануваат качување по скали. Она што го видовме повеќе наликуваше на театар на апсурдот одошто на судење за кое вреди да се трошат народни пари. Но, да видиме што ќе донесе денешната епизода во Кривичниот суд…