🎥 СЕ ЗАПАЛИ „БОИНГ“ СО 226 ПАТНИЦИ, ПОЛЕТАЛ ОД ЛОС АНЏЕЛЕС Се чула силна екплозија и избувнал оган од моторот, пилотите прогласиле вонредна состојба
Авионот на компанијата „Делта ерлајнс“ полетал во 9:30 часот наутро, а околу 15 минути подоцна, во 9:45 по пацифичко време, се случил инцидентот.
Лет на компанијата „Делта ерлајнс“, кој се упатувал кон Атланта, бил принуден да се врати на Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во неделата наутро, откако еден од моторите се запалил, потврдија претставници на авиокомпанијата, објави Нортист Индија 24.
Инцидентот се случил околу 9:45 часот наутро по пацифичко време, по што следела итна реакција од екипажот, кој успешно извршил принудно слетување.
Летот 123 на „Делта“, авион „Боинг 737-900“ полетал од аеродромот во 9:30 часот. Во него се возеле 226 патници и 9 членови на екипажот, објави Еј-Би-Си 7.
Патниците пријавиле дека чуле силна експлозија, по што виделе пламени јазици од десниот мотор.
Пилотите веднаш прогласиле вонредна состојба и авионот безбедно се вратил на аеродромот до 10:15 часот. Нема повредени и сите патници биле евакуирани без инциденти.
– Делта целосно соработува со Националниот одбор за безбедност во сообраќајот и со Федералната администрација за авијација за да се утврдат причините за пожарот во моторот. Безбедноста на нашите патници и екипаж секогаш ни е врвен приоритет – изјави портпарол на компанијата.
Пожарникарските служби веднаш интервенирале и го изгаснале пожарот, а авионот бил одвлечен до хангар за технички преглед.
Инцидентот предизвикал мали доцнења на аеродромот во Лос Анџелес додека службите ја расчистувале пистата. Патниците биле пререзервирани на други летови, а „Делта“ упатила извинување за непријатностите.
Почната е истрага за утврдување на причините за пожарот во моторот, а се очекуваат прелиминарни резултати во наредните недели.
Boeing 767 of Delta
Inbound for LAX
Engine caught fire, couple of hours agoBoeing, what’s going on? pic.twitter.com/pu3kRBoBFO
— Dr MJ Augustine Vinod 🇮🇳 (@mjavinod) July 19, 2025