САВЕСКИ ЌЕ СЕ СРЕТНЕ СО ОБВИНИТЕЛИТЕ ОД ПРЕДМЕТОТ „КОЧАНИ“ Ќе го каже ставот за обвинението кога судењето ќе дојде во позрела фаза

Јавниот обвинител е тој што може да ја менува правната квалификација до завршувањето на постапката и во секој момент може да интервенира во обвинението и да направи измени или правна преквалификација како резултат на нешто што произлегло во текот на доказната постапка, вели новиот државен јавен обвинител Ненад Савески.