САРА ФЕРГУСОН СЕ ПРИЈАВИЛА ВО КЛИНИКА ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА По апсењето на Ендру, поранешната војвотка не е во добра ментална состојба

Поранешната војвотка од Јорк, Сара Фергусон (66), ја напуштила Велика Британија и се пријавила во клиниката за рехабилитација „Парацелзус“ во Цирих, по апсењето на нејзиниот поранешен сопруг и по засилената истрага за нејзината поврзаност со Џефри Епстин, објави „Пејџ Сикс“.