САД ВАДАТ ОД УСТА ЗА ДА ИМ ДАДАТ НА УКРАИНА И НА ИЗРАЕЛ Дали прекинот на испораката на оружје е фатален удар за Киев?

Киев предупредува дека прекинот на американската воена поддршка доаѓа во критичен момент, кога руските напади се интензивираат. Според украинското Министерство за надворешни работи, секое одложување му дава на агресорот дополнителен поттик да ја продолжи војната. Наместо мир, ваквата пауза, велат од Киев, само го охрабрува Кремљ да продолжи со теророт.