РУБИО И МАСК НЕ СЕ СКАРАА, СУПЕР ИМ ОДИ Трамп ги оспори тврдењата за кавгата меѓу државниот секретар и шефот на ДОГЕ

Претседателот на САД, Доналд Трамп, одговори на извештајот на Њујорк тајмс во кој се тврди дека за време на состанокот на кабинетот во четвртокот, Илон Маск – кој ги води напорите за намалување на трошоците на администрацијата – го критикувал државниот секретар Марко Рубио бидејќи „не направил доволно длабоки кратења на работните места во Стејт департментот“, наводно обвинувајќи го дека „не отпуштил никого“.