РАСПИШАНА ПОТЕРНИЦА ПО ИВА МИХАИЛОВА Се очекува Бугарија да ја уапси и да ја испорача

Ива Михајлова, која во Македонија е обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици и во тек е судење, деновиве избега во Бугарија. Младата кочанчанка, која има и активно бугарско државјанство, викендов се појави на медиумите во Бугарија, по што беше утврдено дека на нелегален начин ја преминала македонската граница.