ПУТИН ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ, А „ШАХЕДИ“ ЛЕТААТ НАД УКРАИНА Зеленски вели дека рускиот претседател манипулира со човечките животи

Што се однесува до новиот обид на Путин да манипулира со човечките животи – сирените за воздушен напад моментално се огласуваат во многу делови на Украина. Во 17.15 часот на нашето небо беа откриени руски беспилотни летала. Украинската воздушна одбрана и воздушните сили веќе почнаа да дејствуваат за да нѐ заштитат, објави претседателот на Украина, Володимир Зеленски.