ПРВО ТУРЦИЈА ВО ЕУ, ПА ШВЕДСКА ВО НАТО Ердоган ненадејно ја смени тактиката пред утрешниот самит на Алијансата

Прво, дојдете и отворете го патот за Турција во Европската унија, а потоа ќе го отвориме патот за Шведска, исто како што направивме за Финска, рече тој, додавајќи дека ќе го повтори својот повик за време на самитот.