Протоколот со Бугарија сега е во рацете на Уставeн суд – барам да го прогласи за ништовен!

Протоколот не е полноправен акт, потврден од парламентот, туку е само записник од состанок на меѓувладина комисија. Како правно ништовен документ, Протоколот не смее да наметнува штетни дејствија диктирани од соседна земја, ниту на Македонија да и задава крајно непринципиелни и понижувачки обврски, кои задираат длабоко во темелите и содржината на македонската држава, нација, историја, идентитет.