ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА ЗА ДА НЕ БИДЕ ЗАЛУДНА СМРТТА НА БЛАГОЈЧЕ! Што е „Трикафта“ и колку чини животот на болните од цистична фиброза?

Недозволиво е во услови на достапен лек, пациенти да бидат жртва на немање политичка волја од власта да го зголеми буџетот – се вели во реакциите една од многуте реакции по смртта на Благојче Илијевски, кој не го дочека ветениот лек за болеста од која боледуваат 130 луѓе во Македонија.