ПРОТЕКОА ПЛАНОВИТЕ НА ПУТИН ДА ГИ ЗАУЗДА ТРИТЕ „МАЛИ“ СОСЕДИ Литванија да не добие оружје, да ги уценуваме со струјата, да отвориме „културни клубови“

Една од поконкретните цели е Литванија да биде блокирана да добие противвоздушна одбрана од НАТО. Документот вели дека Русија ќе создаде „услови под кои литванското раководство ќе биде принудено да ја препознае потенцијалната штета за нејзината национална безбедност од зголемувањето на военото присуство на НАТО во регионот“. Другите цели вклучуваат заканување со исклучување од струјната мрежа „BRELL“ и отворање невладини организации кои ќе го враќаат рускиот сентимент и ќе обвинуваат за „нацизам“.