ПРОФЕСОРИ ОД ГИМНАЗИЈАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОТКРИВААТ ЗЛОУПОТРЕБИ ОД РАЗРЕШЕНИОТ ДИРЕКТОР Испратиле итна претставка до Данела Арсовска и бараат инспекција по допрен глас

На учениците вчера им биле дадени бланко листови да се потпишат за поддршка на разрешениот директор, а за денеска е најавен протест за поддршка на директорот, наведуваат професорите и истакнуваат дека тоа е класична злоупотреба на малолетни ученици во остварување на политичка и лична корист за поддршка на разрешениот директор Митко Димовски, организирана од мала група професори во Гимназијата, кои, како што се наведува, имале големи бенефиции во текот на неговото директорување.