Претседателката Сиљановска Давкова не го прекрши Преспанскиот договор

Треба да биде јасно дека сите ние, вклучувајќи ја и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, надвор од доменот на службената употреба на новото официјално име на државата, секогаш и во сите пригоди можеме слободно да го употребуваме нашето историско име „Македонија“ и придавките изведени од тоа име. Сиљановска Давкова вети дека ќе ја користи таа слобода и јас ја охрабрувам да го исполни тоа ветување.