ПРЕД НАС Е ПЕКОЛНО ЛЕТО Температурата ќе биде за 3 степени над просечната, но ќе има и поројни дождови

Во Македонија највисока максимална температура на воздухот е измерена во Демир Капија од 45,7 степени Целзиусови на 24 јули 2007 година, а во Скопје – 43,4 степени. Дали ова лето ќе бидат соборени овие рекорди? Одговори на овие прашања побаравме од метеопрогнозерот Славчо Попоски, како и од Управата за хидрометеоролошки работи.