ПРАВДА МОРА ДА ИМА, ДОСЕГА СЕ ОСОМНИЧЕНИ 70 ЛУЃЕ Тошковски ги увери семејствата на настраданите во Кочани дека се работи на случајот

Не сакам политика да правам од ова. Не сметам дека овие деца го заслужуваат ова. Верувајте. Истрагата е сè уште во тек. Досега се осомничени 70 луѓе. Ова што го говорите го разбирам и го разбирам гневот, им рече министерот за внатрешни работи на членови на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани.