После шоуто на Лавров, следи ли протерување на руски дипломати од Македонија?

Министерскиот совет на ОБСЕ заврши успешно – историскиот состанок на долго време виртуелната организација, со која досега претседаваше нашата држава, од пропаст, со дипломатски бајпас, од клиничка смрт, ја спаси министерот Османи. Со што, со дипломатската вештина, стана раме до раме со тукушто упокоениот Хенри Кисинџер.  Успехот на нашиот хирург е дотолку позначаен, поради фактот што пациентот ОБСЕ беше долго време во кома.