ПОМИЛУВАЊЕТО Е ДЕМОКРАТСКИ ЧИН И затвореникот има право на свое утре!

Луѓето се разочарани и лути, бидејќи гледаат дека некој што претходно ги ограбил сега одеднаш излегува на слобода. Но, во суштина, нема ништо спорно во чинот на помилување, а незадоволството кај народот треба да се сфати само како изблик на недоверба во системот, објаснува професорот Гордан Калајџиев.