ПОЛИЦИЈАТА ВРЗА 20 ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛЦИ ВО „СИНЏИР“, ШЕСТМИНА ПОБЕГНАА Злосторничко здружување ја оштетило државата за речиси 8 милиони евра

Од прибраниот доказен материјал постои основано сомневање дека три лица како организатори заедно со уште други три лица, во текот на 2019 година, во Неготино, создале група што имала за цел вршење на кривични дела Даночно затајување и Перење пари и други приноси од казниво дело, информираше Јавното обвинителство.