ПОЛИЦИЈАТА ЈА ТРЕСЕ КАНЦЕЛАРИЈАТА ЗА СТРАНЦИ ВО МТВ Разбиена мрежа за нелегален престој на странски државјани

Акцијата опфаќа претреси на повеќе од 10 локации. Се претресуваат домови и возила, а се вршат и лични претреси. Претреси се вршат и во службени простории на МВР, вклучително и во Канцеларијата за странци во зградата на Македонската телевизија. Неофицијално дознаваме дека се одземаат лични предмети, мобилни телефони и значајна документација поврзана со криминалната шема.