ПОДМОРНИЦАТА „ТИТАН“ ИМА КИСЛОРОД ДО 13 ЧАСОТ И 18 МИНУТИ! Била дизајнирана сама да исплива на површината?

Титан држи товар под вода, големи тежини кои помагаат да се стабилизира бродот, кои автоматски се ослободуваат по 24 часа за да може подморницата да излезе на површината. Подморницата е дизајнирана да се враќа, тврди инвеститор во компанијата Оушн Гејт за подморницата која има кислород само за уште неколку часови. Спасувачите досега пребараа површина колку онаа на државата Либан.