ПОЧИНА ПОВРЕДЕНИОТ МОТОЦИКЛИСТ Полицијата го уапси возачот што ја предизвика тешката несреќа во Ѓорче Петров

На 14.3.2025 година во 18.54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на уливата Ацо Шопов во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(24) од селото Буковиќ, скопско, патничко возило „пежо 2008“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(34) од Скопје, соопшти полицијата.