ПО ДВАЈЦА СПИЕЛЕ ВО ИСТ КРЕВЕТ, ИМ ДАВАЛЕ ХРАНА СО ИЗМИНАТ РОК И ЛЕКОВИ НА СВОЈА РАКА Две газдарици на старски домови трупале стари лица ама и по 36.000 евра месечно

Истрагата досега откри дека во два старски дома во Скопје се случувале хорор приказни – едниот дом имал дозвола за 21 лице, а сместил 27, другиот сместил 33 корисници, иако имал дозвола само за 17 лица. Во собите сместувале женски и машки лица заедно. Немало кревети за сите, па дел од корисниците спиеле на троседи во дневната соба или по две лица спиеле на ист единечен кревет. Дел од корисниците биле постојано заклучувани во посебни простории.