Писмо до кандидатот за ебиветер во грбот на СДСМ

Сите знаат дека твојата оставка, Зоране Заев, не е чин на преземање морална одговорност за едни изгубени избори. Ова е евакуација! Ако не се повлечеш веднаш, утре ќе те избркаат на клоци. Ако не избегаш сега, испратен со панагирици и тридневна жалост на баграта што сам ја избра и која сега ги дизајнира церемониите на погребот на твојата политичка кариера, утре ќе бегаш во гепек. Ко Грујо. Затоа, бегај сега! И не окреќи се, сине!