„ПИЈТЕ САМО ОБИЧНА ВОДА“ Хрватскиот министер за здравство предупреди, шест лица се во болница

Берош ги предупредил граѓаните дека најдобро е засега да не се консумираат газирани пијалоци. Информирал и дека пациентите имаат поблаги симптоми и дека повеќето ќе бидат пуштени на домашно лекување. Кај двајца од нив има поврзаност на симптомите со газираната вода. Австриската „Кока Кола“ од местото Ремеркеле каде се полни водата вели дека не открила проблеми во фабриката, додека српската „Кока Кола“ соопшти дека таа газирана вода („Ремеркеле“) ја нема на српскиот пазар.