ПАТНИЧКИ ВОЗ ИЗЛЕТАЛ ОД ШИНИТЕ КАЈ КАДИНА РЕКА Внатре имало 150 патници, но никој не е повреден

Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица, ни изјавија од Македонски Железници-Транспорт.