ПАРТИЈАТА НА КУРТИ НА ИЗБОРНИТЕ ЛИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА „Самоопределување“ влегува во коалицијата на Меџити, Гаши и Касами

Од денеска Европскиот сојуз се состои од четири политички партии. Сега значи во овие четири е и Самоопределување, програмата ја работиме заедно, и нова канцеларија заедничка, и кампањата ќе биде заедничка, и ќе бидат дел парламентарните листи, значи ќе има членови и претставници од Самоопределување, изјави Меџити пред споменикот „Скендербег“ во Скопје.