„ПАЛЕВСКИ ВЛЕТА НАЕДНАШ И ИСПУКА КУРШУМ ВО СЛЕПООЧНИЦАТА НА ЖЕЖОВСКИ“ Манев сведочеше дека планот бил во дупката да се чуваат грабнатите додека не се наплатат пари

Палчо дојде до мене, јас го прашав „Зошто ова, не требаше вака“, тој ми рече „Вака е почисто, нема што да се секираш“. Јас му реков дека не сакам вака да продолжам, оти за вакво нешто не сум ни помислил, ни сонил. Тогаш за прв пат ме подбутна со раката и ми рече „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“ – сведочеше второобвинетиот Велибор Манев.